Џенифер Лопез ги истакна своите познати облини на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Торонто.
На премиерата на својот најнов филм „Unstoppable“, 55-годишната актерка се појави во провокативна металик креација од Тамара Ралф и ги размрда прстите на присутните фоторепортери.
Иако пред само три недели поднесе документи за развод од Бен Афлек, со своето појавување на фестивалот Џеј Ло покажа дека навистина е незапирлива. Таа ја сокри тетоважата која си ја направи заедно со Бен за Денот на вљубените минатата година за да ја покаже неговата посветеност кон него.
Бен е продуцент на филмот заедно со неговиот пријател Мет Дејмон, додека Лопез има споредна улога во него.
„Unstoppable“ ќе започне да се прикажува во киносалите во декември оваа година.