Кери Фишер постхумно беше почестена со ѕвезда на холивудската Патека на славните.
Церемонијата за славната актерка, која ја глумеше принцезата Леа, беше организирана на 4 мај – денот на „Star Wars“ и помина во знакот на популарната франшиза на Џорџ Лукас.
Нејзината ќерка, Били Лурд, носеше фустан со ликот на принцезата Леа, а присутен беше и нејзиниот колега Марк Хамил, кој го глумеше Лук Скајвокер.







На црвениот тепих пристигнаа и роботите C-3PO и R2-D2.




Били одржа говор во кој изјави дека е горда што е ќерка на Кери и е среќна што нејзините деца ќе можат да ја запознаат баба им преку принцезата Леа.
„Среќна сум што иако нема да ја запознаат мајка ми, ќе запознаат дел од неа преку Леа. И јас ќе можам да им кажам дека таа мала дама на ТВ е мојата мајка, нивната баба“ – изјави таа.
„Но, мојата мајка не е само принцезата Леа. Таа е Кери Фишер. Неверојатна актерка која внесуваше духовитост и сила во секој лик што го глумеше. Мајка ми беше сјајна“ – дополнила таа.




Кери почина на 60-годишна возраст во 2016 година. Причината за смртта беше срцев удар.





