Холивудската актерка Кери Фишер не успеа да закрепне по доживеаниот срцев удар. Ѕвездата која се прослави со улогата на принцезата Леа во филмовите „Star Wars“ (Војна на ѕвездите) почина на 60-годишна возраст.

Трагичната вест ја потврди нејзината ќерка. „Нашето цело семејство ви благодари за вашата грижа и молитвите“ – се вели во нејзиното соопштение за јавноста.
Фишер пред четири дена патуваше со авион од Лондон за Лос Анџелес кога нејзиното срце престана да работи. Веднаш беше префрлена во болница каде беше лекувана за срцев удар. За жал, докторите не успеаја да ја одржат во живот.

Освен во трилогијата „Star Wars“, Фишер ги покажа своите актерски способности во „Shampoo“ (1975), „The Blues Brothers“ (1980), „Hannah and Her Sisters“ (1986) и „When Harry Met Sally...“ (1989).


На личен план, Кери зад себе остави два неуспешни брака. Непосредно пред смртта, таа го објави мемоарот „The Princess Diarist“, во кој откри дека на 19-годишна возраст имала афера со Харисон Форд за време на снимањето на „Star Wars“.


Фишер имаше биполарно растројство и не криеше дека се бореше со зависноста од дрога. На 13 години таа започнала да пуши марихуана, но подоцна се насочи кон потешки дроги како кокаин.

Популарната актерка напиша повеќе книги, сценарија и театарски претстави. Минатата година се врати на големиот екран во улогата на Леа во „Star Wars: The Force Awakens“.

