Почина Деби Рејнолдс. Легeндарната актерка издиша за последен пат на 84-годишна возраст, еден ден по смртта на нејзината ќерка Кери Фишер.
Деби доживеала мозочен удар додека го планирала погребот на Кери. „Ми недостига. Сакам да бидам со Кери“ – рекла таа пред смртта.
Кери, позната по улогата на принцезата Леа во „Star Wars“, почина во понеделникот на

Деби остави голем отпечаток во филмската индустрија. Таа глумеше во бројни мјузикли. Нејзините најголеми улоги се во филмовите „Singin’ in the Rain“, „Tammy and the Bachelor“ и „The Unsinkable Molly Brown“, а можеби и ја паметите како мајката на Грејс од серијата „Will & Grace“.
Во 2015 година, за својата хуманитарна работа Деби го доби почесниот Оскар „Џин Хершолт“.










Во текот на својот живот, Деби имаше склучено три брака. Со првиот сопруг Еди Фишер таа имаше две деца, Кери и Тод. Нивниот брак заврши поради аферата на Еди со актерката Елизабет Тејлор.



