Петар Грашо ја покажа својата мала наследничка.
Во видео споделувано на социјалните мрежи, 48-годишниот пејач стои покрај неговата 2-годишна ќерка Алба која го пее неговиот хит „Ako te pitaju“. Нејзиниот талент е очигледен.
„Сега тато ќе ти го намести микрофонот за да бидеш како тато да пее“ – ѝ вели тој во видеото на слатката Алба.
Погледнете:
@melilife2 ♬ original sound - Melilife2
@petargraso76 ♬ original sound - Petar Grašo
Грашо во моментов го очекува второто дете со сопругата Хана Хуљиќ. Новоста тој ja откри во разговор за InMagazin во април годинава. За Алба тогаш тој рече:
„Многу уживам во секој момент со неа. Знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога тоа ќе се случи, ќе ми биде жал. Прекрасна е, весела е, внесе нешто посебно во нашиот живот“.
Петар и Хана стапија во брак во февруари 2022 година, а Алба се роди во јули истата година. Претходно, Грашо 24 години беше во врска со Данијела Мартиновиќ.