Списанијата без исклучок користат Фотошоп за разубавување на фотографиите на славните личности, но кога ќе претераат, предизвикуваат лавина од негативни коментари.
Дакота Џонсон изгледа непрепознатливо во фотосесија за модната библија „Вог“. Ѕвездата од „Fifty Shades of Grey“ доби толку многу дигитална корекција на своите црти на лицето, што на дел од фотографиите не личи на себе.


За фотосесијата бил ангажиран реномираниот фотограф Патрик Демаршелие. Модни куќи како Луј Витон, Александар Меквин и Прада ѝ позајмија свои креации на 27-годишната актерка за едиторијалот.




