Дизниевиот хит „Аладин“ ќе оживее на големото филмско платно. Пред неколку часа беше објавен првиот тизер со кој филмската екипа ни дозволи да ѕирнеме во волшепствата кои нè очекуваат со филмската верзија на познатата бајка.
Во улогата на Аладин ќе влезе канадскиот актер со египетско потекло Мена Масуд, додека британската актерка Наоми Скот ќе се претвори во шармантната принцеза Јасмин. Вил Смит ја доби улогата на духот од волшебната ламба. Филмот ќе биде режиран од Гај Ричи.




