Почетна » Новости » Занимливости » Ја изненадил саканата со подарок за Св. Валентин инспириран од Дизни

Ја изненадил саканата со подарок за Св. Валентин инспириран од Дизни

Многу вљубени во овој период од годината трагаат по уникатен подарок за своите сакани по повод Св. Валентин.

Корисникот на Reddit BrianDangerFlynn се врати во детството и се инспирира од дизниевите приказни за да ја изненади својата сакана за Денот на вљубените. Со помош на свој пријател, тој ја претвори својата девојка Манини во пет принцези на Дизни.

„Сакам нашата врска да биде исто толку епска и безвременска, колку што се и анимираните филмови со кои пораснавме, па решив двајцата да бидеме насликани во познати Дизни сцени и да ја изненадам за Св. Валентин. Тоа беше тајна три месеци и со нетрпение чекам да ѝ ги покажам“ – напиша Брајан на Imgur.

Дизни изненадување

Артистот Дилан Бонер го постави вљубениот пар во центарот на незаборавните бајки. „Го контактирав Дилан за овој проект пред три месеци. Му испратив куп фотографии од мене и од Манини и слики од Дизни сцени кои се надевав дека ќе може да ги пресоздаде“ – објасни Брајан.

Дизни изненадување Дизни изненадување Дизни изненадување Дизни изненадување Дизни изненадување

А еве како изгледа парот во реалниот живот...

Манини и БрајанМанини и Брајан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.