Кратко видео од продолжението на популарниот цртан филм на Дизни „The Lion King“ нè запознава со второто дете на Симба и Нала – синчето Кион. Во првото продолжение од филмот, фокусот беше ставен на нивната ќерка Кијара.
Во видеото, лавчето Кион и неговиот пријател јазовецот Банга се упатуваат во нова возбудлива авантура.
Популарната приказна за кралот на животните најпрво ќе биде прераскажана во едночасовен филм „The Lion Guard: Return of the Roar“, а подоцна ќе биде преточена во серија.
