Лана Дел Реј стапи во брак со Џереми Дуфрен.
39-годишната пејачка се омажи со 56-годишниот туристички водич само еден месец по откривањето на нивната романса пред јавноста. На фотографиите и видеото кои ексклузивно ги објави Daily Mail се гледа како таткото на Лана ја води кон олтарот поставен покрај вода во Луизијана.
Убавата невеста изгледаше прекрасно во бела долга венчаница, а во рацете го носеше својот бидермаер.
Ова е прв брак на Лана, а втор на Џереми. Тој има три деца со поранешната сопруга.
Младенците се запознале во 2019 година, но во август годинава за првпат беа фотографирани како се држат за раце во Англија.