Брус Џенер за првпат се претстави пред светот како жена. Очувот на сестрите Кардашијан и таткото на Кендал и Кајли Џенер го објави својот нов идентитет – Кејтлин Џенер.
Популарниот олимпиец позираше како жена за угледното списание „Vanity Fair“. Фотосесијата ја потпишува легендарната фотографка Ени Либовиц.

Џенер беше во брак со Крис Џенер речиси 24 години. По разделбата, 65-годишиот поранешен спортист реши да ја открие својата голема тајна, а сега веќе официјално се збогува со својот машки идентитет.


Во интервју за списанието, Џенер објасни зошто ја споделува својата приказна: „Брус секогаш мораше да кажува лага. Секогаш ја живееше таа лага. Секој ден имаше тајна, од утро до вечер. Кејтлин нема тајни. Штом ќе излезе корицата на Vanity Fair, ќе бидам слободна.“