Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сопруг на покојна полицајка-херој ја врати наградата „Жена на година“ откако Кејтлин Џенер ја доби истата

Сопруг на покојна полицајка-херој ја врати наградата „Жена на година“ откако Кејтлин Џенер ја доби истата

Џејмс Смит ја вратил наградата „Жена на годината“ која постхумно ѝ била доделена на неговата сопруга од списанието „Гламур“ во 2001 година. Револтираниот маж се откажал од признанието за храброста на неговата сакана откако дознал дека истата награда годинава завршила во рацете на Кејтлин Џенер.

Сопругата на Џејмс, Моира, била полицајка која загинала додека спасувала животи по терористичкиот напад на кулите-близначки во Њујорк.

Кејтлин Џенер и Моира Смит Кејтлин Џенер

53-годишниот Џејмс Смит преку брза пошта ја испорачал наградата на неговата сакана Моира во канцелариите на списанието, кое минатата седмица за Жена на годината ја прогласи ѕвездата од реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“. Во прилог, Џејмс испратил писмо во кое пишува дека нивниот избор бил навреда на споменот за неговата сопруга.

Смит непријатно се изненадил и се растажил кога слушнал дека наградата оваа година ја доби Брус Џенер, кој неодамна се претстави пред светот како жена и си го промени името во Кејтлин.

Кејтлин Џенер

Еве го неговото писмо:

На 29 октомври 2001 година бев почестен да ја примам наградата „Жена на годината“ на списанието „Гламур“, која постхумно ѝ беше доделена на жена ми, полицајката Моира Смит.

Моира загина на 11 септември 2001 година, додека спасуваше илјадници лица од Светскиот трговски центар...

Бев шокиран и тажен кога дознав дека „Гламур“ го прогласи Брус Џенер за Жена на годината. За мене тоа е навреда на споменот за Моира Смит и на споменот на други жени-херои, кои ја заслужуваат оваа награда.

Немаше ли жена во Америка или во остатокот од светот, која повеќе ја заслужуваше оваа награда од овој маж?

Во време кога имаме жени во вооружените сили кои се борат и умираат за својата земја, докторки-херои кои се борат со смртоносни болести, жени полицајки и пожарникарки кои ги ризикуваат своите животи, храбри жени кои победуваат смртоносни болести... Листата продолжува...

Дали ова беше најдобриот избор што можевте да го направите?

Претпоставувам дека ова беше за публицитет за да спасите медиум кој умира. Откако разговарав со моето семејство за овој шамар по лицето на споменот за нашиот Херој, решив да ја вратам наградата на списанието „Гламур“.

Џејмс СмитЏејмс Смит и ќеркичката ја примаат наградата „Жена на годината“

Од „Гламур“ пак велат дека не жалат за овогодишниот избор.

Кејтлин Џенер Кејтлин Џенер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23502 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.