Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лоренс им возврати на сите кои велат дека си направила пластична операција на лицето: „Тоа е само шминка“

Џенифер Лоренс им возврати на сите кои велат дека си направила пластична операција на лицето: „Тоа е само шминка“

Џенифер Лоренс во изминатите месеци честопати беше мета на коментари поради нејзиниот изглед. Многумина тврдеа дека си има направено пластична операција на лицето, бидејќи изгледала сосема поразлично отколку во минатото.

33-годишната актерка не остана имуна на тие коментари и им возврати на сите оние кои тврдат дека легнала под нож за убавина.

Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс

Во интервју со Кајли Џенер, таа рече:

„Неверојатно е што сè може да направи шминката. Мојот шминкер го нарекувам пластичен хирург, бидејќи во изминативе неколку месеци откако соработувам со него, сите се убедени дека имам направено операција на очите. Не, немам направено операција на очите. Само шминка. Ги сожалувам мажите. Некако се заглавени со она што го имаат“.

Лоренс се чуди како онлајн критичарите може да ѝ го споредуваат изгледот на 19-годишна возраст со сегашниот како „доказ“ дека си направила пластична операција.

„Започнав кога имав 19 години, па сега гледам фотографии пред и потоа од 19 и 30-годишна возраст. Мојот став е дека пораснав. Ја изгубив бебешката тежина од лицето и лицето ми се промени, бидејќи стареам. Сите мислат дека сум го оперирала носот, но носот ми е тотално ист. Моите образи се намалија. Фала што го истакнавте тоа“ – рекла таа.

Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс

Кајли, која исто така постојано е споредувана со својата 12-годишна верзија, се надоврза на изјавата на Лоренс, велејќи:

„Истото е и кај мене. Гледам фотографии од мене на 12 и на 26-годишна возраст и моите веѓи се различно исцртани. Како може да го споредувате моето 12-годишно лице и да речете дека сум си направила операција на брадата или на очните капаци?“.

За списанието „Interview“, Џенер сними и фотосесија.

Кајли Џенер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.