Претставниците на британското кралско семејство утрово присуствуваа на црковна служба во Беркшир по повод Божиќ.
Додека се упатуваа во црквата „St. Mark“, војвотката Кетрин ја носеше в раце слатката принцеза Шарлот, а принцот Вилијам го водеше за рака малиот принц Џорџ.
Кетрин изгледаше шармантно во бордо палто со крзно од Hobbs, додека Шарлот беше облечена во складни бои со својата мајка.



















Заедно со кралскиот брачен пар беше и семејството Мидлтон – мајката и таткото на Кетрин, нејзиниот брат Џејмс и сестра ѝ Пипа со вереникот.
