Нè напушти уште една уметничка душа. Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст.
Кралицата на рокенролот издиша за последен пат во нејзиниот дом во близина на Цирих, Швајцарија.
„Со неа, светот изгуби музичка легенда“ – се вели во соопштение од нејзиниот публицист.
Тарнер во изминатите години имаше бројни здравствени проблеми, вклучувајќи мозочен удар, рак на цревата и комплетно откажување на бубрезите, кое доведе до трансплантација на орган.
Во текот на нејзината 60-годишна кариера, Тарнер имаше многу, многу хитови по кои ќе остане запаметена.
„Proud Mary“, „The Best’ и „Private Dancer“ се меѓу големите хитови на Тина, чие вистинско име беше Ана Меј Булок.