Трагедија го потресе семејството на Тина Тарнер. Само неколку часа откако легендарната пејачка присуствуваше на ревијата на Армани во Париз, нејзиниот син Крег Рејнолдс Тарнер изврши самоубиство.
59-годишниот Крег си го одзел животот со помош на огнено оружје во неговиот дом во Лос Анџелес.
Крег е дете на Тина од врската со музичарот Рејмонд Хил. Бидејќи кога се породила имала само 18 години, мајка ѝ ја избркала од дома заедно со бебето. Тогаш таа се преселила во домот на Ајк Тарнер со кого подоцна стапи во брак и кој законски го посвои Крег. (Рејмонд и Тина настапуваа заедно во бендот Kings of Rhythm предводен од Ајк).
Бракот на Тина и Ајк беше обвиен во скандали, меѓу кои и континуирано семејно насилство.
78-годишната пејачка пред пет години стапи во брак со Ервин Бах со кого дотогаш беше во врска 27 години.