Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 73-годишната Тина Тарнер се омажи

73-годишната Тина Тарнер се омажи

Тина Тарнер конечно реши да му каже „Да“ на Ервин Бах со кого е во врска веќе 27 години. Легендарната пејачка и германскиот продуцент стапиле во брак на брегот на Циришкото Езеро.

Ервин и ТинаЕрвин и Тина

73-годишната музичка дива и нејзиниот 57-годишен партнер планираат свечена забава во нивниот дом покрај езеро. На забавата се очекува да присуствуваат многу славни лица како Дејвид Боуви, Шаде и Опра. Гостите биле замолени да носат бела облека, а се верува дека Тарнер ќе носи венчаница од Џорџо Армани.

Тарнер и Бах се сретнале во 1985 година. Познатата пејачка, која речиси 20 години живее во Швајцарија, неодамна доби швајцарско државјанство.

Ервин и Тина

Ова е втор брак на славната изведувачка на хитовите „Simply the Best“, „River Deep, Mountain High“ и „What's Love Got to Do with It“. Во 1962 година таа се омажи со Ајк Тарнер, кој постојано ја малтретираше физички за време на нивниот брак. Во 1976 таа поднесе документи за развод, а подоцна во своите мемоари го обелодени семејното насилство кое се случувало во нејзиниот дом.

Тарнер е една од најуспешните музички ѕвезди. Добитник е на 8 Греми награди, а според Rolling Stone е еден од најдобрите пејачи на сите времиња. Неодамна таа стана највозрасната личност која кога било се има појавено на насловна на „Вог“.

Тина за „Вог“ ГерманијаТина за „Вог“ Германија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.