Светот изгуби уште една музичка ѕвезда. Почина Џорџ Мајкл на 53-годишна возраст.

Според официјалното соопштение на неговиот претставник за јавноста, тој издишал за последен пат спокојно во неговиот дом во Англија, но не беа објавени други детали за смртта.
Популарниот пејач, кој се прослави како член на дуото Wham!, а потоа се фокусира на соло кариера, стои зад многу хитови меѓу кои „Wake Me Up Before You Go-Go“, „Careless Whisper“, „Freedom“, „Don't Let the Sun Go Down on Me“, и „Faith“.

„Во длабок шок сум. Изгубив сакан пријател – најдобрата и најдарежливата душа и брилијантен артист. Моето срце е со неговото семејство и со сите негови фанови“ – напиша Елтон Џон.
Непосредно пред смртта, Мајкл работел на филм за неговиот живот. Потсетете се на некои од неговите најдобри музички дела: