Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина комичарката Џоан Риверс

Почина комичарката Џоан Риверс

Американската комичарка Џоан Риверс почина на 81-годишна возраст поради компликации од рутинска операција на гласните жици.

Џоан Риверс

На сцената и на телевизиските екрани, Риверс со децении го покажуваше својот несекојдневен хумор и со острите критики и саркастичните, а понекогаш и контроверзни коментари расположуваше луѓе низ целиот свет. Некои слушнале за неа заради бројните пластични операции, други ја познаваат како најголемиот моден критичар на славните од „Fashion Police“, но повеќето од обожавателите на Џоан ќе ја паметат како непокорна, остроумна дама која рушеше бариери и им направи пат на редица жени кон светот на комедијата.

Ќерката на Џоан, Мелиса Риверс, е убедена дека најголемо задоволство во животот на нејзината мајка беше да мами насмевки.

Џоан Риверс Џоан Риверс Џоан Риверс Џоан Риверс

Џоан никогаш не ја скроти својата амбициозност и работеше до последен миг, редовно шегувајќи се на своја сметка и танцувајќи на границите на добриот вкус.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23421 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.