Доналд Сатерленд замина во легендите. Познатиот актер почина на 88-годишна возраст.
Тажната вест ја објави неговиот син Кифер преку пост на социјалните мрежи.
„Со тешко срце ве известувам дека почина мојот татко Доналд Сатерланд. Јас лично сметам дека е еден од најважните актери во историјата на филмот. Никогаш не се плашеше од улога, без разлика дали беше добра, лоша или грда. Го сакаше тоа што го правеше и го правеше тоа што го сакаше... и никој не може да бара повеќе од тоа. Добро проживеан живот“ – напиша Кифер и објави нивна стара заедничка фотографија.
Сатерленд беше познат по неговата способност да се прилагоди на различни филмски улоги. Неговата кариера се протегаше низ шест децении, а негови најпознати улоги се во филмови како: „The Hunger Games”, „M*A*S*H“, „Klute”, „Ordinary People” и „The Dirty Dozen“.
Доналд имаше освоено многу награди и признанија. Тој никогаш не доби Оскар за Најдобар актер, но Академијата за филмски науки и уметности му додели почесна златна статуетка во 2017 година.
With a heavy heart, I tell you that my father, Donald Sutherland, has passed away. I personally think one of the most important actors in the history of film. Never daunted by a role, good, bad or ugly. He loved what he did and did what he loved, and one can never ask for more… pic.twitter.com/3EdJB03KKT
— Kiefer Sutherland (@RealKiefer) June 20, 2024