Новиот брачен пар, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, го очекуваат своето прво дете. И официјално е потврдено дека 36-годишната актерка е веќе 4 и пол месеци бремена, а нејзиното стомаче веќе започнува брзо да расте.
Пенелопе Круз и Хавиер Бардем отсекогаш го чувале својот интимен живот подалеку од медиумите. Тие стапија во брак на интимна церемонија на Бахамите, на која присуствуваа само членови на семејството, во почетокот на јули.
Двајцата актери за прв пат се запознаа во 1992г. на снимањето на филмот Jamon, Jamon, а започнале врска во 2007г. Минатата година се појавија гласини дека Хавиер ја побарал раката на Пенелопе, но и двајцата не дадоа изјава за медиумите во врска со тоа.
И Хавиер и Пенелопе имаат освоено Оскар, Хавиер за најдобра машка споредна улога во No Country for Old Men, а Пенелопе за најдобра женска споредна улога во Vicky Cristina Barcelona.
Во моментов, бремената Круз го снима со Џони Деп филмот Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides.