Вчера беше исклучително среќен ден за Хавиер Бардем. Тој не само што дозна дека е номиниран за Оскар за неговата улога во филмот „Biutiful“, туку и го прослави раѓањето на неговото прво дете.
Според шпанскиот весник El Pais, Пенелопе Круз се породи вчера во болницата Cedars Sinai во Лос Анџелес.
Пенелопе и Хавиер добро го чуваат својот приватен живот во тајна, па така сè уште не се знае ни полот на бебето, ни името. Но, според најновите вести на некои медиуми, најверојатно се работи за момче.
Двајцата познати актери стапија во брак на интимна церемонија на Бахамите во почетокот на јули минатата година. 36-годишната актерка ја потврди својата бременост два месеци подоцна, откако нејзиното големо стомаче беше фотографирано од папараците за време на снимањето на филмот „Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides“.