Холивудските актери Пенелопе Круз и Хавиер Бардем отсекогаш го чувале својот интимен живот подалеку од медиумите. Па така, и нивната свадба до последен момент остана тајна.
Тие стапиле во брак на интимна церемонија на Бахамите, на која присуствувале само членови на семејството, во почетокот на овој месец. Пенелопе Круз го кажала судбоносното „да“ во прекрасен фустан, креација на Џон Галијано.
Младоженците за прв пат се запознале во 1992 година на снимањето на филмот Jamon, Jamon, а започнале врска во 2007 година. Минатата година се појавија гласини дека Хавиер ја побарал раката на Пенелопе, но и двајцата не дадоа изјава за медиумите во врска со тоа.
И Хавиер и Пенелопе имаат освоено Оскар, Хавиер за најдобра машка споредна улога во No Country for Old Men, а Пенелопе за најдобра женска споредна улога во Vicky Cristina Barcelona.
Ова е прв брак и за двајцата.