Пилар Рубио и Серхио Рамос имаат убава вест. Нивното семејство се прошири со нов член.
42-годишната водителка се породи вчера и роди машко дете кое го доби името Максимо Адријано. Бебенцето се роди тешко 3,270 кг.
Парот на Instagram ги сподели првите фотографии со новороденчето.
„Премногу сум среќен што можам да ви го претставам Максимо Адријано. Тој се роди во 18:56 попладне и тежи 3,270 кг. Мајката и бебето се совршено добро. Секогаш се гордеам со тебе, љубов моја. Те сакам лудо“ – напиша Серхио.
„Ти благодарам што си секогаш тука за мене Серхио. Те сакам“ – напиша Пилар.
Тие се родители на уште три сина, Серхио Џуниор, Марко и Алехандро.
Пилар тренираше во текот на целата бременост.