Пилар Рубио ги одушеви новинарите и фановите, појавувајќи се во одлично издание два дена по породувањето. Таа позираше со својот сопруг Серхио Рамос и четирите синчиња пред болницата во која го роди бебето.
42-годишната водителка носеше лелеав фустан и високи сандали додека го држеше во раце новороденото синче Максимо Адријано, а си размени и бакнеж со Серхио. Пред парот, срамежливо позираа 6-годишниот Серхио Џуниор, 4-годишниот Марко и 2-годишниот Алехандро.
Фановите им направија колаж со фотографии од нивните појавувања по раѓањето на четирите сина.
Пилар и Серхио започнаа да се состануваат во септември 2012 година, а стапија во брак во јуни минатата година.