Пари Сен Жермен ја освои 11-тата титула во шампионатот на Франција. По прошталниот натпревар со Клермон во Париз, Серхио Рамос славеше за трофејот со најсаканите.
Славниот фудбалер се бакнуваше со сопругата Пилар Рубио и насмеан позираше со четирите синчиња. Малите момчиња беа облечени во дресови на ПСЖ како нивниот татко.
„Уживав во специјален момент со најспецијалните луѓе. Лига шампиони“ – напиша Рамос.
Ова беше последен натпревар на Рамос во дресот на Пари Сен Жермен.
Неодамна започнаа да се шират гласини дека Серхио и Пилар се разведуваат, но тие покажаа дека тоа се само лажни шпекулации.
Тие започнаа да се состануваат во септември 2012 година, а стапија во брак во јуни 2019 година.