Синоќа во Лос Анџелес се одржа 56-тото издание на „Греми“. За време на најзначајната вечер во светот на музиката, со позлатени грамофони беа наградени најуспешните музички ѕвезди во годината што измина.
Француското дуо Daft Punk освои повеќе награди, меѓу кои и посакуваната Албум на годината за „Random Access Memories“, како и наградата Запис на годината за хитот „Get Lucky“.
И Меклмор и Рајан Луис беа големи победници на вечерта. Тие примија награди во категориите Најдобар нов изведувач, Најдобар рап албум („The Heist“), Најдобра рап песна („Thrift Shop“) и Најдобра рап изведба.
Џастин Тимберлејк доби три награди, меѓу кои и Најдобро музичко видео за „Suit & Tie“. Во рацете на младата пејачка Лорд заврши наградата Песна на годината за светскиот хит „Royals“, како и наградата Најдобра поп соло изведба.
Кратка листа на победници
Record of the Year: „Get Lucky“ – Daft Punk feat Pharrell Williams & Nile Rodgers
Album of the Year: „Random Access Memories“ – Daft Punk
Song of the Year: „Royals“ – Lorde
Best Pop Solo Performance: Lorde – „Royals“
Best New Artist: Macklemore & Ryan Lewis
Best Pop Duo/Group Performance: „Get Lucky“ – Daft Punk
Best Pop Vocal Album: „Unorthodox Jukebox“ – Bruno Mars
Best Dance/Electronica Album: „Random Access Memories“ – Daft Punk
Best Rock Performance: Imagine Dragons – „Radioactive“
Best Rock Song: „Cut me Some Slack“ – Paul McCartney, Dave Grohl, Krist Novoselic, Pat Smear
Best Rock Album: „Celebration Day“ – Led Zeppelin
Best R&B Album: „Girl On Fire“ – Alicia Keys
Best R&B Song: „Pusher Love Girl“ – Justin Timberlake
Best Urban Contemporary Album: „Unapologetic“ – Rihanna
Best Rap Album: „The Heist“ – Macklemore & Ryan Lewis
Best Rap Song: „Thrift Shop“ – Macklemore & Ryan Lewis feat. Wanz
Best Rap Performance: „Thrift Shop“ – Macklemore & Ryan Lewis feat. Wanz
Best Rap/Sung Collaboration: „Holy Grail“ – Jay-Z feat. Justin Timberlake
Best Country Song: „Merry Go 'Round“ – Kacey Musgraves
Best Country Album: „Same Trailer Different Park“ – Kacey Musgraves
Producer of the Year: Pharrell Williams
Best Music Video: "Suit & Tie" – Justin Timberlake fеаt. Jay-Z
Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.