Најмоќниот пар во музичката индустрија ги привлече сите погледи кон себе со секси настап на церемонијата по повод доделувањето на Греми наградите. Бијонсе и Џеј-Зи ја вжештија атмосферата со изведба на „Drunk in Love“.
Како вистинска заводничка Бијонсе танцуваше на големата сцена во црно боди од брендот за долна облека Nichole de Carle.
Сензуалното танцување на 32-годишната ѕвезда наиде на гласни аплаузи, но и на негативни критики поради провокативноста.