Пипа Мидлтон и Џејмс Метјус се еден од паровите кои ги избегнуваат свечените настани и медиумските рефлектори.
33-годишната сестра на војвотката Кетрин и 41-годишниот милионер вчера присуствуваа на хуманитарниот настан ParaSnow Ball и за првпат како пар позираа пред фоторепортерите.
Чипкастиот фустан на Пипа доаѓа од модната куќа Erdem, додека сандалите се дело на брендот Sandro.


Мидлтон и Метјус се верија во јули минатата година. Тие започнаа да се состануваат во 2012 година, но набрзо се разделија. Парот ја обнови својата романса на почетокот на 2016 година, три месеци по прекинот на тригодишната врска меѓу Пипа и Нико Џексон.
Свадбата на славниот пар е закажана за 20 мај.






