Керол и Мајкл Мидлтон секоја година си обезбедуваат место на престижниот тениски турнир Вимблдон. Родителите на војвотката Кетрин и Пипа Мидлтон беа фотографирани додека пристигнуваа на натпреварите, а Керол со својот изглед поттикна многу комплименти.
64-годишната поранешна стјуардеса изгледаше фантастично во минималистички бел фустан од брендот Goat додека се упатуваше кон своето седиште заедно со сопругот.
Керол и Мајкл се во брак 39 години.
Вчера, Кетрин беше во публиката на Вимблдон.