Пипа Мидлтон ужива во својата прва бременост. 35-годишната сестра на војвотката Кетрин беше фотографирана додека се релаксираше за време на одмор со сопругот Џејмс Метјус во Италија.
Пипа го разголи трудничкото стомаче во црвени бикини во осмиот месец од бременоста.
Пипа и 43-годишниот милионер започнаа да се состануваат во 2012 година, но набрзо се разделија. Парот ја обнови својата романса на почетокот од 2016 година, три месеци по прекинот на тригодишната врска меѓу Пипа и Нико Џексон.
Тие стапија во брак на 20 мај минатата година.