Пипа Мидлтон е физички активна во текот на целата бременост, па приближувањето на датумот за породување не го успорува нејзиното темпо. 35-годишната сестра на војвотката Кетрин присуствуваше на свадбата на принцезата Јуџини во „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор.
На црковната церемонија, Пипа носеше зелен фустан од нејзината омилена дизајнерка Емилија Викстед и зелена шапка.
Неа ја придружуваа сопругот Џејмс Метјус и братот Џејмс Мидлтон.