По кралската венчавка, сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон, стана вистински хит на интернет. Многумина пишуваа за нејзината убавина, а нејзиниот задник доби и посебни страници на друштвените мрежи.
Пред околу една седмица беа објавени фотографии на кои Пипа лудо се забавува разголена по градник, а вчера TMZ објави дека Пипа добила дарежлива понуда за да учествува во порно филм.
Основачот на Vivid Entertainment, Стивен Хирш, ѝ пратил писмо на 27-годишната Пипа во кое се велело: „Што се однесува до мене, ти беше ѕвезда на неодамнешната кралска свадба. Додека го гледав преносот, не можев да не си помислам дека со твојата убавина и став можеш да бидеш многу успешна порно ѕвезда. Оваа седмица, откако ги видов фотографиите на кои се гледа како се забавуваш, решив да ти понудам улога во наш претстоен филм“.
Наводно тој ѝ понудил на Пипа 5 милиони долари за нејзиното учество. Според информациите, Хирш го побарал и братот на Кејт и Пипа, Џејмс Мидлтон, на кого му биле понудени 1 милион долари.
Фотографиите од лудата забава на Пипа минатата седмица го обиколија светот, но нејзиното семејство се погрижи да бидат повлечени од големите веб сајтови.