Пинк ужива во својата втора бременост. 37-годишната пејачка сподели слатка фотографија на Instagram, на која малата ќеркичка Вилоу ѝ го прегрнува и гали трудничкото стомаче.
На фотографијата, музичката ѕвезда позира топлес и со широка насмевка на лицето.
Минатиот месец, Пинк ги изненади сите со најавата за втора бременост. Таа објави трудничка фотографија со 5-годишната ќерка и во описот напиша: „Изненадување!“.

Пинк е во брак со Кери Харт од јануари 2006 година. Ќерка им Вилоу се роди на 2 јуни 2011 година.

