Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пинк со двете деца и сопругот на примањето на ѕвезда на холивудската Патека на славните

Пинк со двете деца и сопругот на примањето на ѕвезда на холивудската Патека на славните

Пинк беше почестена со 2.656-тата ѕвезда на холивудската Патека на славните.

39-годишната пејачка ја доби поддршката од двете деца и сопругот Кери Харт на церемонијата во Лос Анџелес.

Облечена во црно-бел стајлинг со црвени детали, музичката ѕвезда позираше со 7-годишната ќерка Вилоу и 2-годишниот син Џејмисон и 43-годишниот сопруг, со кого е во брак 13 години.

Пинк Пинк Пинк

„Ова е нереално. Во последно време размислував за текот на оваа кариера која на некој начин успеав да ја изградам. Го потпишав мојот прв музички договор пред 23 години. Поминаа две децении и тие беа значајни и прекрасни. Денес за мене е прослава за нешто што ме научи мојот татко. Постои моќ во верувањето во себе – можеби не си најдобра, можеби не си најубава или највисока или најсмешна или најталентирана... Но, ако ти си тврдоглава и не се откажуваш и работиш навистина напорно – никој друг не може да биде тоа што си ти. Ова денес е апсолутна чест. Денес го докажува тоа“ – изјави Пинк.

Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк Пинк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25190 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.