Пинк се породи. 37-годишната пејачка сподели слатка фотографија на Instagram за да го најави доаѓањето на овој свет на синчето Џејмисон Мун Харт. На неа, музичката ѕвезда го држи новороденчето во рацете и со насмевка гледа во него. Во описот стои дека бебето е родено пред три дена, односно на 26 декември.
Подоцна, Пинк сподели уште една фотографија на која нејзиниот сопруг Кери Харт го држи бебенцето. Во описот, таа напиша: „Го сакам таткото на моето бебе“.

Пинк вешто успеа да ја сокрие својата втора бременост и објави дека очекува дете пред околу 6 недели со фотографија од трудничкото стомаче.

Ова е второ дете на парот, кој стапи во брак во јануари 2006 година. Пинк и Кери имаат и една ќерка, 5-годишната Вилоу Сејџ Харт.
