Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пи Диди уапсен во Њујорк по обвиненијата за сексуална трговија и физичко малтретирање на бившата девојка

Пи Диди уапсен во Њујорк по обвиненијата за сексуална трговија и физичко малтретирање на бившата девојка

Пи Диди синоќа беше уапсен по опсежната истрага започната по обвиненијата на неговата поранешна девојка за сексуална трговија и физичко малтретирање.

Касандра Вентура

54-годишниот рапер бил одведен во канцеларијата на FBI во Менхетен, но не е познато кои обвиненија се поднесени против него од страна на судот. Планирано било Диди да биде уапсен денес, „но, нешто се случило“ што ги навело полициските службеници порано да го одведат во притвор.

Диди

Музичарот, чие вистинско име е Шон Комбс, е во центарот на вниманието веќе една година откако Касандра Вентура ги објави ужасните нешта кои тој ѝ ги правел додека биле во врска од 2007 до 2018 година. Меѓу другото, тој често ја принудувал да има секс со други мажи додека тој мастурбирал и снимал.

Откако Каси одлучи да поднесе обвинение, беше започната истрага која доведе до пребарување на домот на Диди. Во изминатите месеци беа сослушани повеќе личности во врска со обвинувањата, а во мај годинава CNN објави видео во кое се гледа како Диди ја тепа и малтретира Каси.

Пи Диди Пи Диди Пи Диди Диди Диди Диди

Адвокатот на Диди рече дека тие биле разочарани од одлуката да се гони Диди.

„Шон ‘Диди’ Комбс е музичка икона, претприемач, грижлив фамилијарен човек и докажан филантроп, кој ги помина последните 30 години во создавање империја, обожавајќи ги своите деца и подигајќи ја заедницата на лицата од црната раса. Не е совршена личност, но не е криминалец. Ве молам не осудувајте додека не ги дознаете сите факти. Ова се постапки на невин човек кој нема ништо за криење и едвај чека да си го исчисти името на суд“ – рекол тој.

Непосредно пред апсењето, Диди бил фотографиран на прошетка со синот. Тој е татко на седум деца.

Диди Диди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 16533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.