Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пејачката Андријана Јаневска во црвен фустан ја промовираше својата прва книга за македонското народно пеење

Пејачката Андријана Јаневска во црвен фустан ја промовираше својата прва книга за македонското народно пеење

Андријана Јаневска ја промовираше својата прва книга, насловена: „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“.

42-годишната македонска пејачка носеше црвен долг фустан на промоцијата на своето дело за кое многу истражуваше и учеше. Таа сподели фотографии и текст на социјалните мрежи.

Андријана Јаневска Андријана Јаневска

„Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ. Истражувањата покажаа дека чувството за: јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштило Македонците од овие региони. Во текот на моите теренски истражувања, но и во многу книги сретнав записи и кажувања како македонскиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ.“

„Македонскиот народ, кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен“ – напиша таа.

Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска

Фотографии: Facebook / Andrijana Janevska, Адријан Зарески

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19771 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.