Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Петар Грашо го откри полот на второто дете кое го очекува со Хана Хуљиќ

Петар Грашо го откри полот на второто дете кое го очекува со Хана Хуљиќ

Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат второто дете.

Хрватските музичари уште во април ја соопштија убавата вест дека годинава ќе добијат принова, но дури сега го открија полот на бебенцето. Во изјава за IN magazine, 48-годишниот пејач откри дека со саканата очекуваат момче. Нивното прво дете е женско и се роди во јули 2022 година.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Запрашан како се чувствува неговата сопруга, тој рекол:

„Како е Хана? Како секоја трудница. Еден ден ѝ се јадат кроасани, следниот ден не сака кроасани. Потоа, еден ден супер ѝ мириса мојот парфем, а следниот ден ѝ е грозен. Тоа веројатно така треба да биде, тоа е ОК“.

За ќеркичката Алба, Петар вели:

„Многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне, ќе ми биде жал. Прекрасна е, весела е и внесе нешто посебно во нашиот живот... Љубопитна е, тврдоглава, многу пее, вреви и започнува полека да зборува...“.

Петар и Хана стапија во брак во февруари 2022 година. Претходно, Грашо 24 години беше во врска со Данијела Мартиновиќ.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19780 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.