Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално се разведуваат. Славната пејачка ги поднесе документите за развод токму на денот кога требаше да ја прослават втората годишнина од свадбата.
Според официјалните податоци, 55-годишната музичка ѕвезда и 52-годишниот актер биле разделени од 26 април.
Ова е четврт неуспешен брак на Лопез, а втор на Афлек.
![Лопез и Афлек](/images/articles/30388/01.jpg)
![Лопез и Афлек](/images/articles/30388/02.jpg)
Првото поглавје од љубовната приказна на Лопез и Афлек се случи пред 20 години. Тие беа верени од 2002 до 2004 година, кога ја раскинаа свршувачката.
Познатите актери ја обновија врската во 2021 година, а се венчаа во 2022 година на мала церемонија во Лас Вегас. Подоцна, тие направија и свадбена прослава со најблиските.
![Лопез и Афлек](/images/articles/30388/04.jpg)
![Лопез и Афлек](/images/articles/30388/05.jpg)
![Лопез и Афлек](/images/articles/30388/03.jpg)
![Лопез и Афлек](/images/articles/30388/06.jpg)