Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Официјалните фотографии од крштевката на принцезата Шарлот

Официјалните фотографии од крштевката на принцезата Шарлот

Реномираниот фотограф Марио Тестино го фотографираше кралското семејство непосредно по крштевката на малата принцеза Шарлот.

Официјалните фотографии беа направени изминатата недела по церемонијата во црквата Св. Марија Магдалена во Сендрингам, Норфолк.

Крштевката на принцезата Шарлот

Шарлот е облечена во рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен кој бил носен од секое бебе родено во кралското семејство од 1841 година до денес.

Војвотката Кетрин изгледа отмено во палто од Александар МекКвин и шапка од Џејн Тејлор, додека малиот принц Џорџ е облечен во црвено-бела облека инспирирана од аутфит кој принцот Вилијам го носеше пред 30 години.

Крштевката на принцезата Шарлот Крштевката на принцезата Шарлот Крштевката на принцезата ШарлотПокрај Кетрин, Вилијам и малите деца, на фотографијата се и кралицата Елизабета, принцот Филип, принцот Чарлс и сопругата Камила, како и родителите на Кетрин и нејзините брат и сестра.

Британската принцеза се роди на 2 мај и го доби името Шарлот Елизабета Дијана. Кралскиот пар го избрал името Елизабета во чест на бабата на Вилијам, сегашната кралица Елизабета II, а името Дијана во чест на мајката на Вилијам, покојната принцеза Дијана. Името Шарлот има француско потекло и е женска верзија на Чарлс, со што му се оддава чест на принцот Чарлс.

Крштевката на Шарлот Крштевката на Шарлот Крштевката на Шарлот Крштевката на Шарлот Крштевката на Шарлот Крштевката на Шарлот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18954 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.