Принцот Џорџ денес полни три години. За да го одбележи овој специјален ден, британското кралско семејство објави четири нови фотографии од слаткиот син на принцот Вилијам и војвотката Кетрин.
На официјалните фотографии, малото момче си игра во градината на нивниот дом во Норфолк, го храни семејното куче Лупо и се лула на лулашка на која се испишани имињата на неговите родители.




Како и секогаш, фотографиите беа објавени на профилот на Twitter на Кенсингтонската палата.