Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Во „крокодилска“ кожа и со солзи во очите Џос Стоун протестира против убивањето крокодили за чанти

Во „крокодилска“ кожа и со солзи во очите Џос Стоун протестира против убивањето крокодили за чанти

Сте знаеле ли дека три животни умираат за да се направи една крокодилска чанта?

Познатата британска пејачка Џос Стоун без облека и со насолзено лице го крена својот глас против суровата практика да се убиваат животни за потребите на модната индустрија.

Џос Стоун

Стоун, која е вегетаријанка, позираше со крокодилска кожа нацртана по нејзиното тело и со насолзено лице за новата кампања на организацијата за заштита на правата на животните ПЕТА. Кампањата „Егзотичните животни имаат душа. Никогаш не ги носете“ има за цел да ја подигне света кај луѓето за бројот на животни кои умираат за да се направи една чанта и апелира луѓето да кажат НЕ на производите создадени од кожата на егзотични животни.

ПЕТА неодамна спроведе тајна истрага, која покажа дека модната куќа Hermès применува сурови практики за убивање на крокодилите, чија кожа ја користи за создавање на познатите Биркин чанти. Видео снимено под прикритие ги покажа пред јавноса измачувањата на крокодилите. Тогаш, пејачка Џејн Биркин изјави дека повеќе не сака нејзиното име да се поврзува со популарниот модел чанти.

Само за информација, една Биркин чанта чини од 9.000 до 150.000 долари, а рекордерот на овој бренд се продаде на аукција за 222.000 долари.

Многу славни личности, меѓу кои Викторија Бекам и Џенифер Лопез, поседуваат колекции од луксузните Биркин чанти.

Чанта Hermès Birkin Чанта Hermès Birkin Чанта Hermès Birkin Чанта Hermès Birkin

Џос прифатила да биде дел од кампањата зашто верува дека секое животно има чувства. „Се надевам дека кога луѓето ќе ја видат снимката за тоа што им се случува на крокодилите и алигаторите кои се убиваат за нивната кожа да биде претворена во чанти, ќе ми се придружат во оставањето на дивиот свет надвор од нивните плакари“ – изјавила Стоун.

Џос СтоунЏос Стоун во претходна кампања за ПЕТА Џос Стоун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.