Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Елизабета Каналис гола за ПЕТА

ВИДЕО: Елизабета Каналис гола за ПЕТА

Девојката на Џорџ Клуни се соблече целосно гола за кампања на ПЕТА. 32-годишната Елизабета Каналис позираше како од мајка родена за кампања на познатата организација која се бори за заштита на животните или поточно за заштита на животните чие крзно се користи во модната индустрија.

Елизабета Каналис

Во интервјуто таа објасни и кој е нејзиниот мотив да учествува во оваа кампања. „Решив да се вклучам во кампањите на ПЕТА кога дознав колку е брутална крзнената индустрија поради модата. Бев мала, мало девојче, и гледав телевизија кога прикажаа документарен филм. Во документарниот филм видов како убиваат мали животни со струја, со давење... Бев шокирана затоа што бев мало девојче, но во тој момент помислив дека никогаш, никогаш, никогаш не би носела крзно“ – изјави таа.

Елизабета Каналис

Во фотосесијата заедно со Елизабета позираше и едно од нејзините посвоени кучиња.

„Мислам дека ова е најдобрата причина поради која сум се соблекла гола во мојот живот“ – низ насмевка дополни таа.

Елизабета и Џорџ Клуни се заедно околу 2 години. Неодамна таа сподели дека не сака да има деца со него. „Моите мајчински желби се целосно задоволени со моите кучиња“ – изјавила таа. Барем нејзините желби се поклопуваат со оние на Клуни, кој неколкупати изјавувал дека не планира да се жени или да има деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.