Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Одри Хепберн никогаш не се сметала себеси за убава

Одри Хепберн никогаш не се сметала себеси за убава

Кога жена ќе застане пред огледало, голема е веројатноста да започне да ги гледа несовршеностите во надворешниот изглед. Тоа е женска маана која ја имала дури и Одри Хепберн.

Иако неспорно е една од најубавите жени на сите времиња и една од најголемите модни икони во историјата, Одри не се сметала себеси за убава жена. Во интервју за Vanity Fair, синот на Одри, Лука Доти, открил дека таа се сметала за „добра комбинација од недостатоци“.

Одри ХепбернОдри Хепберн на насловната на мајското издание на Vanity Fair

„Таа сметаше дека има голем нос и големи стапала, дека е премногу слаба и дека нема доволно големи гради. Ќе се погледнеше во огледалото и ќе речеше: Не разбирам зошто луѓето ме гледаат како убава“ – изјавил Лука.

Интервјуто било направено по повод издавањето на неговата книга „Audrey in Rome“ во која ќе има 2.500 фотографии од Одри во вечниот град.

Одри не се плашела од стареењето и дури и се прашувала зошто жените премногу се трудат да изгледаат млади. „Секогаш по малку се изненадуваше од напорите кои жените ги вложуваат за да изгледаат млади. Таа беше среќна за тоа што старееше, бидејќи тоа значеше дека има повеќе време за себе, повеќе време за семејството и значеше разделба од лудоста за младоста и убавината која владее во Холивуд“ – раскажал тој.

Одри Хепберн

Присетувајќи се на стилот на Хепберн, Доти открил дека марамите биле нејзиниот „порок“. „Како и секоја жена, таа имаше 30 или 40. Тоа беше добар начин да се прикрие – големи очила за сонце и марама. Одвреме-навреме можеше да оди на шопинг без да биде следена од толпа луѓе“ – раскажал тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.