Луисана Лопилато е позната по русите прамени, но аргентинската актерка одлучи да експериментира со бојата на косата.
29-годишната ѕвезда, кај нас позната по серијата „Млади бунтовници“, во блескав фустан зачекори на забавата по повод 90-тиот роденден на Тони Бенет. Движејќи се до својот сопруг Мајкл Бубле, Лопилато љубезно се смешкаше пред фоторепортерите во Њујорк.










Луисана и Мајк се родители на две деца – тригодишниот Ноа и седуммесечниот Елијас.

