Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Огромен хит: „Adolescence“ го сруши рекордот на Netflix за најгледана лимитирана серија

Огромен хит: „Adolescence“ го сруши рекордот на Netflix за најгледана лимитирана серија

Дали веќе ја изгледавте „Adolescence“? Серијата руши рекорди на Netflix и деновиве е најзборуваната серија.

Крими-драмата на Стивен Греам имаше 24,3 милиони гледања во првите четири дена, а две недели по првото прикажување, гледаноста порасна на 66,3 милиони, што е нов рекорд на Netflix за лимитирана серија.

Adolescence Adolescence

„Adolescence“ е и најгледана британска серија досега. Таа започнува со апсењето на 13-годишниот Џејми Милер за убиство на ученичка од неговото училиште. Карактеристично за серијата е што секоја од четирите епизоди е снимана во еден непрекинат кадар.

Трејлер за „Adolescence“

Серијата поттикна низа дискусии за машкиот гнев, онлајн булингот, прекумерното користење на телефоните и социјалните мрежи. Веќе има повици „Adolescence“ да започне да се прикажува во училиштата.

Adolescence Adolescence

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24870 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.