Ноне Неделковска стекна уште една година животно искуство. Поранешната македонска пејачка го прослави својот 38-ми роденден во Турција.
Таа објави фотографии во бикини и во кратко црвено фустанче. „Glow 38“ – напиша таа.
Ноне учествуваше во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде го освои второто место. Таа неколку години градеше кариера како пејачка, но потоа одлучи да се откаже од музичката кариера и да замине да работи на брод. Секој роденден, таа го дочекува на различно место.