Пред малку беа објавени номинациите за Оскар 2011. „The King's Speech“ е филмот со најмногу номинации за престижните награди, вкупно 12. За големо изненадување на многумина, втор на листата според бројот на номинации е филмот „True Grit“, кој е номиниран во 10 категории. По 8 номинации добија „Inception“ и „The Social Network“.
За наградата Најдобар филм на 27 февруари ќе конкурираат: „The Social Network“, „King's Speech“, „The Fighter“, „Black Swan“, „Inception“, „The Kids Are All Right“, „127 Hours“, „Toy Story 3“, „True Grit“ и „Winter's Bone“.
Очекувано, фаворитите Натали Портман и Колин Фирт се номинирани за Најдобра женска улога и Најдобра машка улога соодветно.
Најголемата забелешка на критичарите во однос на номинациите е што Кристофер Нолан (режисерот на Inception) не беше почестен да влезе во конкуренција за добивање на наградата Најдобра режија, каде што се номинирани Дарен Аронофски (Black Swan), Дејвид Расел (The Fighter), Том Хупер (The King's Speech), Дејвид Финчер (The Social Network) и Џоел и Итан Коел (True Grit).
Еве и дел од останатите номинации:
Најдобра женска улога
Анет Бенинг: „The Kids Are All Right“
Никол Кидман: „Rabbit Hole“
Џенифер Лоренс: „Winter’s Bone“
Натали Портман: „Black Swan“
Мишел Вилијамс: „Blue Valentine“
Најдобра машка улога
Хавиер Бардем: „Biutiful“
Џеф Бриџис: „True Grit“
Џеси Ајзенберг: „The Social Network“
Колин Фирт: „The King’s Speech“
Џејмс Франко: „127 Hours“
Најдобра споредна женска улога
Ејми Адамс: „The Fighter“
Хелен Бонам Картер: „The King's Speech“
Мелиса Леон: „The Fighter“
Хејли Стајнфелд: „True Grit“
Џеки Вивер: „Animal Kingdom“
Најдобра споредна машка улога
Кристијан Бејл: „The Fighter“
Џон Хокс: „Winter's Bone“
Џереми Ренер: „The Town“
Марк Рафало: „The Kids Are All Right“
Џефри Раш: „The King's Speech“
Најдобар странски филм
Biutiful
Dogtooth
In A Better World
Incendies
Outside The Law
Најдобар анимиран филм
How to Train Your Dragon
The Illusionist
Toy Story 3
Најдобар документарен филм
Exit through the Gift Shop
Gasland
Inside Job
Restrepo
Waste Land