Лејди Гага обожава да шокира. Впрочем, тоа е и една од причините за нејзината огромна популарност.
Најновите вести поврзани со ексцентричната пејачка повторно ќе ве остават со подотворена уста – првиот парфем на Лејди Гага ќе има мирис на крв и сперма.
Според странските медиуми, аромата на телесните течности е инспирација за 24-годишната пејачка со несекојдневен стил.
Извор близок до луѓето задолжени за создавањето на парфемот изјавил дека лично Гага побарала парфемот да е со „мирис на крв и сперма“.
Лејди Гага, чие вистинско име е Стефани Анџелина Германота, во септември минатата година потпиша договор со компанијата Coty за лансирање на парфем кој ќе го носи нејзиното име. Парфемот би требало да биде пуштен во продажба во 2012 година.
Фустан од месо, парфем со мирис на крв и спрема... вкусот на Гага оди многу подалеку од она што би го прифатиле повеќето луѓе.